Утрински Весник
Македонија

АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците

Ahv.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност по спроведените контроли во пресрет на празниците. Дадени се и опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна, од кои 567 килограми производи од месо, соопштија попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

– Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на АХВ, со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите што организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна, појаснија од АХВ.

На територијатата на цела држава спроведени биле вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло.

– Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија, истакнаа од АХВ.

Од Агенцијата апелираа да се купува храна од одобрени и регистрирани објекти што ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната. Да се внимава на означувањето на производите, како и на тоа каде тие се чуваат.

– Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура, потенцираа од АХВ.

Можете да прочитате

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда

Угостителот Зарков пред суд за убиството на мајка си – „Не се сеќавам на ништо“

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство