Утрински Весник
Македонија

АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден, изречени казни во висина од 3.650 евра

Ahv.jpg

– Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 350-те вонредни засилени контроли пред велигденските празници како небезбедни уништија 1.230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други производи, информираат од АХВ.

За утврдените недоследности со вонредните контроли на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како што велат, АХВ изрече казни во висина од 3.650 евра во денарска противвредност и издаде 22 решенија со наредби за нивно отстранување.


-Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните, порачуваат од АХВ.

Можете да прочитате

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни

Од денеска отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица

Велигденско послание на г.г. Стефан: Трагедијата во Кочани не сплоти во тага и во молитви за настраданите