Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) конечно започна да работи ефикасно и видливо за јавноста! Во последните 6 месеци, инспекциите донесоа извонредни резултати – огромни количини небезбедна храна се отстранети од пазарот, а институциите конечно се под засилен надзор.
Само минатата недела, 110 килограми небезбедна храна беа уништени од болничките кујни низ земјата во рамки на 43 вонредни инспекции.
Што открија инспекциите?
5 кујни воопшто не биле регистрирани во АХВ
4 кујни не ги исполнувале техничките стандарди за безбедност
8 кујни не ги задоволувале хигиенските и производствените стандарди
Откриена нехигиена, несоодветна опрема, оштетени простории и непочитување на стандардите за безбедност
Изречени се 15 решенија за отстранување на недостатоците и 5 парични казни.
Со години, граѓаните биле изложени на ризик од небезбедна храна, а институциите молчеле. Сега, конечно, АХВ презема конкретни чекори за заштита на јавното здравје!