Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност

20241102143707 Big 730x400 79.webp.webp

Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата Влада за кој пат се“, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук-профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. 

Демократската унија за интеграција, објави Ахмети, ја доби апсолутната поддршка од граѓаните во сите изборни процеси од 2002 до 2024 година. Како резултат на изборните победи низ годините, посочува, бевме во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти беа дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нашите заеднички коалиции. Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното, објави Ахмети, додавајаќи дека ДУИ не ги смениле ставовите, туку сите други ги смениле позициите во зависност од околностите, како што пишува, дали се со нас во коалицијата или не.

„Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда“, напиша на фејсбук Ахмети.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ковачевски е надвор од државата, обезбедени 22 лица осомничени за криминал

Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот

Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба во Охрид