Утрински Весник
Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство во акциска контрола за спречување на болеста африканска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство во акциска контрола за спречување на болеста африканска чума

Вчера во 18.40 часот на автопатот Штип – Миладиновци, кај наплатна рампа Кадрифаково, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, запреле и извршиле контрола во товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(46) од с. Црешево, скопско.

dobivaj vesti na viber

При контролата, во возилото биле пронајдени 15 свињи, кои ги купил од лице од с.Крупиште, општина Карбинци, а за кои не поседувал документација за потекло и здравствена состојба, што е спротивно на пртоколите и решението на Агенцијата за храна и ветеринарство за спречување на ширење на заразната болест кај свињите позната како африканска чума.

Од претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство свињите биле одземени и ќе бидат уништени, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Дирекцијата за заштита и спасување немала вршено инспекции во дискотеки пред кочанската трагедија

Хуманоста на дело: Кумановскиот оџачар Дино со нова акција за настраданите во Кочани

СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија