Утрински Весник
Македонија

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија
Ss2

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа посочува дека во земјава се потребни многу повеќе истраги и гонење за да навистина се увиди дека никој не е над законот.

dobivaj vesti na viber

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за построг поглед кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката.

300x250 (7)

Претходно, Амбасадата на САД во изјава за „360 степени“ го критикуваше и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За нив, резултатите од изборите на кои гласаа обвинителите се збунувачки. Потсетија дека во Македонија имаат потрошено милиони на обука на обвинители и други во правосудниот систем.

И досега, Амбасадата на САД има преземено мерки против корупцијата. Годинава, на т.н. „црна листа“ Стејт департментот ги стави ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и експремиерот и бегалец, Никола Груевски. Според нив, тие го поткопале владеењето на правото и довербата во правосудството.

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа