Утрински Весник
Македонија

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа посочува дека во земјава се потребни многу повеќе истраги и гонење за да навистина се увиди дека никој не е над законот.

dobivaj vesti na viber

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за построг поглед кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката.

Претходно, Амбасадата на САД во изјава за „360 степени“ го критикуваше и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За нив, резултатите од изборите на кои гласаа обвинителите се збунувачки. Потсетија дека во Македонија имаат потрошено милиони на обука на обвинители и други во правосудниот систем.

И досега, Амбасадата на САД има преземено мерки против корупцијата. Годинава, на т.н. „црна листа“ Стејт департментот ги стави ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и експремиерот и бегалец, Никола Груевски. Според нив, тие го поткопале владеењето на правото и довербата во правосудството.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна