Утрински Весник
Македонија

Агелер: Потребна е поголема храброст во борбата со корупцијата

1707376343 unnamed file.webp.webp

– Амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер вечерва изјави дека е потребна поголема храброст во борбата со корупцијата во земјава. Според неа, сега е одлично време да се постави прашањето за борба со корупцијата, имајќи предвид дека земјава се наоѓа во предизборен период.

– Потребна е храброст. Забележав… Знам дека на некои луѓе ова им е одвратно, но јас многу зборувам за ова. Ова е еден од тие аспекти за кои луѓето зборуваат, но некако се помирени со ситуацијата, рече таа во интервју за ТВ 21.

Во САД, дадава таа, често се вели дека во демократско општество луѓето ја добиваат владата што ја заслужуваат.

-Потребно е граѓаните да излезат на гласање, да поставуваат прашања и да бараат отчет од луѓето. Тука мислам на луѓето кои работат во владата и судството, рече таа.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова