Утрински Весник
Македонија

Африканска прашина повторно во Македонија – температурите растат, но потоа нагло ќе опаднат

Screenshot 7 4.jpg

Африканска прашина повторно ни дојде на Балканот, па така и во Македонија, a со тоа имаме и повисоки температури од вообичаените.

Во следниве денови ќе расте температурата и ќе може да се забележат големи температурни промени, но тие кратко ќе се задржат бидејќи ќе имаме нагло опаѓање на температурите веќе од понеделник.


Со оглед на температурите кои ќе преовладуваат за време на викендот, вкупниот пад ќе надмине 15°С до средината на следната недела.

Во недела и понеделник се очекуваа променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме, но температурите ќе се движат од 21 до 25 степени, додека пак веќе во вторник истите ќе се движат до 10 степени, а ќе има и снег.

Од УХМР најавуваат за вторник променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места со повремен снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Туше Гошев открива за притисоците пред независноста: Ме удрија трипати со автомобил

Првиот министер за правда Туше Гошев: Со мудра политика дојдовме до независност без човечки жртви

Книга стара 460 години се чува во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“