Утрински Весник
Економија

АФПЗРР : Започнува периодот за аплицирање за дополнителните плаќања за предадени јаболка кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети

Abolko.jpg

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на јаболка дека од 10 мај 2024 година ќе можат да  поднесуваат барања за подмерка 1.23. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.9. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.8. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка да е продадено во период од 15 септември 2023 година до 15 јануари 2024 година кај регистриран откупувач.

Максималната количина на јаболко која е прифатлива за финансиска поддршка е 60.000 кг по хектар која ќе се пресметува врз основа на големина на површина пријавена во 2023 гдина за одржување на насад со јаболко.

Висината на директните плаќања изнесува 2 денари по килограм.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е:

www.ipardpa.gov.mk  – Директни плаќања е-субвенции.

Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупено јаболко издадена од страна на откупувачот. Образецот на потврдата е објавен на веб страната на агенцијата: www.ipardpa.gov.mk  – Национални програми – Директни плаќања – Директни плаќања 2024 – Програма за финансиска поддршка во земјоделството – Обрасци.

Можете да прочитате

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“

Меѓународна конференција за предизвиците и потребите на жените претприемачки