Утрински Весник
Македонија

Џафери: Парламентите имаат клучна улога во остварувањето на човековите права на национално ниво

Џафери: Парламентите имаат клучна улога во остварувањето на човековите права на национално ниво

Парламентите имаат клучна улога во остварувањето на човековите права на национално ниво. Преку своите законодавни, надзорни и буџетски овластувања, тие треба да обезбедат заштита и унапредување на човековите права за сите. Со својата контролна улога врз спроведувањето на владините политики, парламентите обезбедуваат усогласеност со преземените меѓународни обврски, истакна собранискиот спикер Талат Џафери на настанот за придонесот на парламентот во работата на Советот за човекови права на Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

Улогата на парламентите, според него е од суштинско значење и за преточувањето во националното законодавство на препораките што произлегуваат од меѓународните механизми за човекови права, вклучително и Универзалниот периодичен преглед, кој претставува еден од позначајните механизми на Советот за човекови права на Обединетите нации за преглед на исполнувањето на обврските во областа на човековите права на секоја држава членка на Обединетите нации..

„Република Северна Македонија има спроведено три циклуси на Универзалниот периодичен преглед и тоа во 2009, 2013 и 2019 година. За жал, Собранието на Република Северна Македонија досега не беше вклучено во подготовката и презентацијата на националните извештаи, ниту во следењето на исходот од добиените препораки и доброволно преземените обврски за унапредување и заштита на човековите права.
Согласно четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед, земјава треба да го достави својот национален извештај до февруари 2024 година, а интерактивниот дијалог со Советот за човекови права ќе се одржи во април, или мај 2024 година во Женева“, појасни Џафери.

Денешниот настан, како што додаде, претставува прв чекор во активното вклучување на Собранието на Република Северна Македонија во процесот, кој треба да е објективен, транспарентен, сеопфатен и инклузивен, со вклучување на што е можно повеќе институции и претставници од граѓанскиот сектор.

Можете да прочитате

Една училишна кујна е нерегистрирана, а четири се со недостатоци, утврдиле инспекторите на АХВ во Скопје

ДУИ демантира вмешаност во сквернавењето на македонското знаме и најави тужби

Приватните превозници од утре се враќаат на градските улици но со редуциран возен ред