Утрински Весник
Македонија

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

29022024 pvrsm dzaferi konferencija tirana 2.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати на Конференцијата на високо ниво, посветена на Планот за раст за Западен Балкан, која е продолжение на разговорите започнати во Скопје минатиот месец. Премиерот Џафери зборуваше во рамки на Панелот „Вовед во единствениот пазар”, при што ја нагласи важноста на Заедничкиот регионален пазар како можност до придобивките на внатрешниот пазар на ЕУ, за граѓаните, уште во текот на пристапниот процес.

Џафери посочи дека Владата на Република Северна Македонија силно го поддржува Планот за раст за Западен Балкан и дека тоа е најамбициозниот механизам предложен од Европската комисија од почетокот на нашиот евроинтеграциски процес, кој потенцијално ќе го промени регионот и ќе го забрза придвижувањето кон Европската Унија.Планот за раст, како што истакна премиерот Џафери, означува сериозен стимул за поголема економска интеграција во рамките на Западен Балкан со што се создаваат не само подобри можности за работни места, туку и зголемување на растот на БДП низ регионот. 

„Овој заеднички напор, не само што е од корист за Западен Балкан, туку и ја подобрува атрактивноста и конкурентноста на регионот. Нѐ доближува до пазарите на ЕУ и го олеснува одржливиот економски развој. Во оваа насока, заедничкиот регионален пазар ја постави основата на зајакнати трговски односи и заеднички економски иницијативи,” истакна Џафери на Конференцијата на високо ниво, посветена на Планот за раст на Западен Балкан.

Можете да прочитате

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците