Утрински Весник
Македонија

Џафери го честита празникот Богојавление – Водици

Џафери го честита празникот Богојавление – Водици

Собранискиот претседател на православните верници им го честиташе денешниот празник Богојавление – Водици.

dobivaj vesti na viber

“Задоволство ми е од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, да упатам честитки по повод големиот празник, Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате пред сѐ во добро здравје, во мир, спокој, семејна благосостојба и напредок.

Исправени секојдневно пред предизвици од најразлична природа, како што се економски, здравствени, политички и секако безбедносни предизвици, должност ми е да ја искористам секоја прилика и секој начин за упатување на порака за сплотување на мислите, желбите и изразите на взаемна почит и разбирање на сите наши граѓани, без оглед на етничката, верската, партиската или поделеност по секаква друга основа. Единствената и најважна цел за сите нас секогаш ќе биде просперитетна и безбедна иднина, за мир во земјава, за еднакво, правично, напредно и пред сѐ, хумано општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок на земјата. Одговорно и совесно, со надминување на рамките кои ни го стеснуваат видокругот, да ги отфрлиме предрасудите, стереотипите и да ги отвориме умот и срцето за да најдеме повод за обединување а не за создавање јазови и раздор. Лесно е да се руши, храброст е да се сочува и надгради создаденото за да трае вечно. Нека водата која е симбол на Богојавление ги однесе сите препреки и тешкотии и нека помогне да со бистар ум и јасна цел донесеме државнички одлуки кои значат живот за Република Северна Македонија.

Почитувани граѓани, нека е за многу години празникот!”, стои во честитката од претседателот на собранието.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“