Утрински Весник
Економија

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница

20240426091424 Big 730x400 59.webp.webp

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, втора година по ред објавува Jавен повик за бесплатно отварање на е-продавници насловен „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” vol.2, кој се реализира во партнерство со компанијата Visa. Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, со цел да добијат можност да отворат дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на локален маркетплејс или своја е-продавница со сопствено софтверско решение, да го зголемат своето онлајн присуство, да се во тек со последните трендови во е-трговијата и да ги зајакнат дигиталните вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг.

Јавниот повик се состои од поддршка на 20 компании со вредносни пакети од 1000 евра за отворање на нов продажен канал – е-продавница и учество на еднодневен едукативен практичен семинар. Поддржаните компании ќе имаат можност да одберат да отворат нов продажен канал – е-продавница како дел од една од понудените маркетплејс платформи на Јавниот повик и да добијат маркетинг промоција со цел зголемување на е-продажбите или да отворат своја е-продавница со сопствено софтверско решение преку една од понудените IT компании на Јавниот повик. Отворањето на е-продавниците ќе се одвива во текот на месец мај и јуни 2024 година. Еднодневниот практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ ќе се оддржува во јуни 2024 со физичко присуство, каде што ќе бидат опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми итн. Учесниците ќе имаат можност да научат нови алатки и тактики кои ќе им помогнат во унапредување на работењето во областа на е-трговијата и зголемување на е-продажбите. По завршување на семинарот, учесниците ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Едукативниот семинар ќе можат да го посетат по најмногу двајца претставници од секоја компанија.

„Зајакнувањето на понудата во е-трговија е еден од приоритетите во годишната програма на АЕТМ. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија со поддршка на компанијата Visa повторно се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компании и нивно мотивирање за подобрување и унапредување на нивното работење поврзано со е-трговија.“ – истакнува д-р Нина Ангеловска Станков, Претседател на АЕТМ.

“Visa е глобален лидер во областа на дигиталните плаќања, кои ги олеснуваат трансакциите помеѓу потрошувачите и трговците во повеќе од 200 земји и територии на цела планета. Поради тоа ние како компанија сме многу посветени на поддршката на малите и средни компании преку унапредување на нивното дигитално присуство и електронската продажба, со цел нивното работење да го прошират на глобалните пазари и да обезбедат долгорочна профитабилност. Исто така сакаме да се заблагодариме на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ којa со наша поддршка го организира овој конкурс, заедно со пропратните едукативни семинари на оваа тема” – изјави Ана Драшковиќ, потпретседател и генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.

Пријавените компании бесплатно учествуваат во програмата, но подлежат на процес на селекција и избор. Изборот ќе го прави комисија составена од експерти во областа на е-трговијата, која ќе ги разгледува апликациите и по однапред утврдените критериуми Јавниот повик ќе ги одбере учесниците кои ќе бидат поддржани за отворање на нова е-продавница и за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг. Жените претприемачи и младите под 29 години ќе имаат предност во оценувањето и изборот.

Пријавувањето се прави преку пополнување на кратка онлајн апликација достапна на овој линк. Пријавувањето ќе може да се направи, најдоцна до вторник, 07.05.2024 до 23:59 часот.

Oвој јавен повик се реализира со поддршка на компанијата Visa, која втора година по ред преку реализирање на иницијативи влијае на зголемување на понудата во е-трговијата.

Повеќе информации за Јавниот повик можат да се погледнат на:  https://ecommerce.mk/visa-2024/ .

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025