Утрински Весник
Балкан

Аеродромот во Тирана на прво место во Европа по раст на број на патници

Tirana Aerodrom.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Неколку години по ред бројот на патници кои ја користат услугата на меѓународниот аеродром во Тирана е во постојан раст. Ова го потврдуваат и најновите податоци објавени од Меѓународниот совет на аеродроми. Податоците од овој графикон покажуваат дека за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на патници што го користеле аеродромот во Тирана е зголемен за 259,4 отсто, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.

Минатата година регистрирани биле 7,5 милиони патници, а за годинава се очекува бројка повисока од 10 милиони. Како што наведува Рама само во јули имало над 1,2 милиони патници. 

Услугите на овој аеродром, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации, ги користат и се поголем број македонски, косовски и црногорски граѓани. 

Според ранг листата на Меѓународниот совет на аеродроми овој во Тирана ги остава зад себе не само земјите од регионот со консолидиран туризам, туку и многу земји во Европа.

Хрватска забележала раст од само 18,2 отсто,  Италија 14,7 отсто, Северна Македонија 19,6 отсто и Србија 32 отсто. Црна Гора претрпела намалување од 12,5 отсто на бројот на патници преку аеродромот во Подгорица, додека Косово забележало значителен раст од 71,2 отсто. 

Можете да прочитате

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра

Поплави во повеќе градови во Албанија, најкритично во Драч, Лежа и Кукс, има прекин во наставата и почната е евакуација

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград