Утрински Весник
Магазин

Аеродром викендов пулсираше во Џевахир Мол Скопје

448598197 122179112570022963 3266131939208478910 N.jpg

Населба Аеродром изминатиот викенд пулсираше во ритамот на музиката, а Џевахир Мол Скопје повторно беше центар на забавата и дружењето во нашиот главен град. Под мотото „Аеродром пулсира vol.2“, посетителите на новоотворениот трговски центар, на 14 јуни можеа да го проследат завршното годишно шоу на младите тапанари од Studio М на Мартина Баракоска, по што следеше и специјалниот настап во живо на неверојатниот млад бенд „Црно собрание“. Втората вечер, на 15 јуни ја отвори Диџеј Чваре со свој сет, по што сцената ја освоија регионалните трап и хипхоп ѕвезди 2Бона. Атмосферата кулминираше со настапот на неповторливата македонска поп ѕвезда, Тамара Тодевска, која ги испеа своите најголеми хитови.

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор