Утрински Весник
Свет

Администрацијата на Бајден најави автоматско отпишување на студентски долгови за 153 илјади луѓе

1706512612 Unnamed File.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави автоматско отпишување на федералните студентски заеми во вредност од 1,2 милијарди долари за речиси 153.000 кредитокорисници кои се подобни според програмата што се користи за исполнување на неговите ветувања за зголемување на простувањето на студентските заеми.

Бајден, кој се очекува во ноември да се бори за нов претседателски мандат, минатата година вети дека ќе најде други начини за справување со олеснување на долгот, откако Врховниот суд во јуни го блокираше неговиот поширок план за отпишување на студентските долгови во вредност од 430 милијарди долари.

Бајден е на тридневна предизборна турнеја низ Калифорнија и ја објави одлуката како дел од новиот план за отплата што нуди побрз пат до простување на долговите.

 Администрацијата на Бајден денеска како дел од програмата SAVE, како што ја нарече Белата куќа, почна да испраќа мејлови со известувања до голем број кредиторисници.

Отпишувањето на студентските долгови требаше да започне во јули оваа година, но администрацијата на Бајден во јануари објави дека ќе биде подготвена цели шест месеци пред предвиденото.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk