Утрински Весник
Балкан

Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

1708588838 D0b2d0b5d187d0b5d180d0b2d0b0 D0b7d0b5d0bcd198d0bed182d180d0b5d181 D0bed0b4 5 2 D181d182d0b5d0bfd0b5d0bdd0b8 D0b2d0be D0b0d0bbd0b1d0b0 63cba5e1d9d94.jpeg

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод на Србија.

Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска.

Околу 05:00 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, кој ги разбудил дури и граѓаните на Неум.

Потоа беа регистрирани уште два послаби земјотреси со јачина од 2,6 степени.

Според податоците на Сеизмолошкиот завод на Србија, земјотрес во текот на претпладнето е регистриран и во Црна Гора. Тој земјотрес бил со јачина од 2,2 степени.

Можете да прочитате

Црна Гора усвои амандмани на Резолуцијата за Сребреница со кои одговорноста за злосторствата е индивидуална

Лидерите од регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор

Уапсени 15 лица на Миконос поради тепачка во која има една жртва