Утрински Весник
Македонија

Адеми за Груби: Немам поим каде е!

Ademi.jpg

Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ на прашање дали знае каде е поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Арта Груби, тој одговори „не знам, немам поим“.

Адеми одговори и дека не знае дали Груби ќе се врати во државава.


-Мислам дека секој треба да се соочи со правдата. Јас мислам дека се водеше политичка хајка и се најавуваше неговото апсење многу месеци порано. И пред составувањето на Владата. Ги имате јавните изјави од политичарите дека ние кога ќе дојдеме на власт ќе го апсиме итн, одговори Адеми на прашањето дали треба да се врати во државава Груби.

На прашањето дали и ставањето на Артан Груби на црната листа на Соединетите Американски Држави (САД) го смета за хајка, Адеми одговори дека тоа е друга работа.

„Тоа ние го почитуваме како ДУИ. Тие ни се наши стратешки партнери. Но, дали има други луѓе на црната листа? Има. Дали се во затвор? Не се. Тоа е доволно“, рече Адеми во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Можете да прочитате

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот

Работна средба со Судскиот совет за актуелните состојби и реформите во правосудството

Мицкоски: Остануваме посветени на изградба на дата центри, светот оди во таа насока и процесот е неповратен