Утрински Весник
Македонија

Адеми – Лудва: Чешка поддршка за нашите евроинтеграции

Адеми – Лудва: Чешка поддршка за нашите евроинтеграции

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, имаше средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Јарослав Лудва.

dobivaj vesti na viber

На состанокот, Адеми го поздрави засилениот ангажман на ЕУ во Регионот на Западен Балкан од аспект на напредокот и нашите подготовки за ЕУ членство, за што сведочи и денешната посета на нашата земја од страна на високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Притоа, Адеми ја нагласи потребата за што поскоро изгласување на уставните измени во Парламентот, за што ќе биде потребно двотретинско мнозинство, за кое во моментов се преговара со сите партии застапени во Собранието. Но, посочи дека треба да се има предвид дека и понатаму ќе биде потребно двотретинско мнозинство за изгласување на другите обврски кои произлегуваат од нашата Преговарачка рамка.

Во тој контекст истакна дека Парламентот, на крај, секако, ќе треба да ги усвои амандманите на Уставот, со внесување на бугарската, но и на црногорската, хрватската и на другите заедници кои живеат во земјава.

Секое пролонгирање значи и губење на време и пропуштање на позитивниот моментум за почеток на преговорите во ЕУ.

Амбасадорот Лудва ја повтори чешката поддршка за нашите евроинтегративни процеси, како и подготвеноста на неговата земја да ги сподели чешките искуства.

Можете да прочитате

МОН ги известило училиштата дека основците ќе треба неработните денови да ги одработат во саботи

Гром ќе се залага за изградба на 5 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Костадиновска-Стојчевска: Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти