Утрински Весник
Магазин

Јадењето на овие намирници ќе не направи среќни

Img 8373

Подигнувањето на нашето расположение и промовирањето на чувството на среќа е под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја и храната што ја јадеме. Да, многумина од нас се среќни после јадење, но има специфични намирници кои имаат ефект да го подигнат хормонот на среќата и автоматски да се чувствуваме подобро. Тоа се намирници кои и онака често се консумираат, па нема да ви биде проблем да ги јадете ниту повеќе од порано.

Темно чоколадо

Фактот дека чоколадото не прави среќни можеби за никого не е изненадување, но темното чоколадо особено го поттикнува расположението. Уживањето во овој деликатес може да го стимулира ослободувањето на ендорфин, природни подобрувачи на расположението во телото. Покрај тоа, темното чоколадо содржи соединенија кои го зголемуваат нивото на серотонин, придонесувајќи за чувство на среќа.

Масна риба

Масните риби како лососот и пастрмката се богати со омега-3 масни киселини кои го зголемуваат нивото на серотонин и допамин. Зголемувањето на нивото на овие хормони помага да се промовира генерално подобро расположение. Здравите масти во овие вкусни риби се важни за оптимално функционирање на мозокот.

Банани

Бананите се полни со добри и хранливи материи, како што се триптофан и амино киселини, кои имаат ефект на подигање на нивото на серотонин. Благодарение на овие придобивки, бананите можат да го подобрат расположението, па дури и да ги намалат симптомите на депресија, пренесува Health Shot.

Бобинки

Бобинките се богати со антиоксиданси кои се борат против оксидативниот стрес и воспалението, што на крајот може да придонесе за промена на расположението на подобро. Освен антиоксиданси, тие содржат и витамин Ц, кој го поддржува производството на допамин.

Пробиотици

Понекогаш не размислуваме како здравјето на цревата може да влијае на нашето расположение. Храната богата со пробиотици, како што се јогуртот и ферментираната храна, влијае на подобрување на функцијата и здравјето на цревата, што може да влијае на подобро расположение и среќа.

Лиснат зелен зеленчук

Спанаќот, кељот, блитвата и другите лиснати зеленчуци содржат фолати, витамин Б неопходен за синтезата на серотонин и допамин, кои директно влијаат на подобрување на расположението и чувството на среќа. Честото консумирање зелен лиснат зеленчук може да го намали и нивото на стрес, пренесува Health Shot.

Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семките, како што се бадемите, оревите и семките од сончоглед, се преполни со есенцијални хранливи материи. Тие се познати по тоа што содржат магнезиум, минерал кој го поддржува производството на допамин.

Можете да прочитате

Пет солени грицки во кои можете да уживате без да се грижите дека ќе се здебелите

Голем дочек на Бејби Лазања во Загреб, го пречекаа и градоначалникот и мандатарот Пленковиќ

Отстранете ги мрсните дамки со креда