Утрински Весник
Македонија

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата, извесно е дека ни се случи саботажа

Rek Bitola.jpg

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик. Овој понудувач, понудил за 30 отсто пониска цена од досегашната договорна. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е потпишан поради тековната жалбена постапка. Договорот ќе биде склучен по истекот на овој период, информира АД ЕСМ.

Во реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски АД ЕСМ за испадот на Блок 2 од мрежата, повторно нагласува дека немаше хаварија, туку, како што велат, извесно е дека ни се случи саботажа.


-Целиот настан во моментов е предмет на истрага од надлежните институции, посочуваат од АД ЕСМ.

Во меѓувреме, додаваат, додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е во прекин, преземаме проактивни мерки за внатрешно справување со сите отворени прашања.

-Се вложуваат максимални напори за повторно ставање во функција на Блок 2 и Блок 3. И двата ќе бидат за многу кратко време спремни за синхронизација на мрежата а кој од нив ќе влезе, ќе одлучи раководството на РЕК Битола. Во овој период заради обемот на конзумот, нема потреба да „возиме“ со 2 блока. Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено. Ова се постигнува преку ТЕ Осломеј, зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку балансирана набавка и продажба на електрична енергија преку МЕМО, потенцираат од АД ЕСМ

Можете да прочитате

Во јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, уапсени 74 лица за безобѕирно управување на возило

Автомобил излетал од пат, повредени две деца

Левица: ДКСК во служба на ДПМНЕ – Чучуљ бранејќи ја Ристовка ги потврдува фактите на Левица