Утрински Весник
Македонија

АА: Зошто се молчи за децата примени во тетовската болница?

Alijansa za albancitena sela.jpg

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:

За само 48 часа, 139 деца биле примени на Одделот за педијатрија во Тетово. Од нив, 12 се хоспитализирани. Покачена температура, повраќање и дијареја.

Каде се денес предупредувањата? Каде се прес-конференциите? Каде се министрите, директорите и сите оние кои во Гостивар секој преглед и секое јавување ги броеја како аргумент за создавање јавна паника?

Во Гостивар беа објавувани кумулативни бројки, во кои беа вклучени повторени прегледи, контакти со здравствените установи, телефонски повици и советувања. Бројките од ден на ден се користеа за политички цели, додека реалниот број на хоспитализирани лица беше многу помал.

Денес имаме 12 хоспитализирани деца само на Одделот за педијатрија во Тетово, во период од 48 часа.

Зошто сега молчат?

Јавното здравје не смее да се третира различно во зависност од општината, градоначалникот или дневниот политички интерес. Кога бројките се користат за политички напад во Гостивар, а за сериозните бројки во Тетово се избира молк, граѓаните имаат право да бараат одговори.

Исти критериуми, исти стандарди и иста одговорност за сите.   

Можете да прочитате

Маж натепан и ограбен од жена во струшко село

СДСМ: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

За два дена 139 деца донесени во Тетовската болница, 12 се хоспитализирани