Утрински Весник
Магазин

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!

Dacapoband.jpg
Dik 300x250 mk

Младиот и амбициозен пејач кој балканската јавност викендов ќе го запознае преку малите екрани како учесник во големото регионално музичко шоу „Пинкови ѕвезди”, Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд.

Топло добредојде бендот му посака на Антонио и преку официјалните профили на социјалните мрежи.

– Антонио Тасевски, новиот вокал во ДАКАПО Бенд! Неговата харизма, моќен вокал и сценска енергија внесуваат нов дух во Дакапо, а ние со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа магија со вас на следните настапи! Добредојде Антонио, стои на официјалниот профил на бендот на Инстаграм.

https://www.instagram.com/reel/DQXEgYuDfEI/

Тасевски долги години живееше и работеше во Америка, но оваа година одлучи со своето семејство да се врати во родната земја и токму тука да ја гради својата музичка кариера.

Дакапо Бенд е еден од нашите најактивни музички состави, покрај Антонио како нов вокал, членови на бендот се и Влатко Ѓорчев (кларинет и саксофон), Горан Костадинов (клавијатура), Тодор Ушитков (клавијатура), Никола Давчев (ударни инструменти) и Илија Мицев (труба).

https://www.instagram.com/reel/DQcEk76DVfC/

Можете да прочитате

Јубилеен концерт на „Ареа“ во сабота во СП „Јане Сандански“ – 25 години од „Врати на имагинација“

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)