Утрински Весник
Свет

Aпсење му се заканува на гувернерот на Њујорк, асистентка го обвини дека и ги допирал градите

Aпсење му се заканува на гувернерот на Њујорк, асистентка го обвини дека и ги допирал градите

Жената која го обвини гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо дека и ги допирал градите во неговата канцеларија, поднесе кривична пријава против него, објави денеска полицијата на округот Олбени.

Тоа е првиот случај во кој една жена официјално поднела извештај до службениците за спроведување на законот во врска со наводно несоодветно однесување на Куомо, пренесуваат американските медиуми.

Шефот на полицијата во округот Олбени, Крег Епл, изјави дека е можно Куомо да биде уапсен, доколку истражителите или окружниот обвинител утврдат дека тој го сторил кривичното дело.

„Крајниот резултат може да биде апсење, а обвинителот треба да го процесира случајот. Фактот дека се знае за кого станува збор нема да има влијание, нема да брзаме, но нема ниту да го одложиме случајот“, додаде тој.

Асистентката на Куомо, која ја поднесе тужбата, го обвини дека ја турнал раката под нејзината маица и ја милувал кога биле сами во собата минатата година.

Можете да прочитате

Мета ги отфрла обвинувањата дека намерно предизвикувала зависност кај децата

НАТО изрази подготвеност да одговори на каква било закана по информациите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа

Во Пула уапсен украински нуркач осомничен за саботажата на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“