Утрински Весник
Магазин

Aна де Армас го исмејува Бен Афлек во интервју пред да се разделат

32-годишната Бонд девојка ја прекина врската со актерот Бен Афлек (48) на почетокот на овој месец по повеќе од една година заеднички живот.

Но, се чини дека помислата да го остави Бен се крчкала во умот со недели. Таа дури и се пошегува на негова сметка во едно интервју непосредно пред одлуката да се разделат и да тргнат по свој пат.

Во интервју за списанието „Сандеј тајмс“ Де Армас сподели детали за нивното патувањето во Хавана, родниот град на Кубанката.

Ана рече дека Бен, татко на три деца од бракот со Џенифер Гарнер, „бил опседнат со купување маици“ додека биле во Хавана.

„Секојпат кога ќе излезевме, тој ја купуваше целата продавница “, му се потсмева таа во интервјуто.

Таблоидите коментираат дека Бен дење секогаш носи необична, интересна маица со фармерки, а Ана се облекува спортски само кога е дома.

Двојката првично се запозна на снимањето на еротскиот трилер Deep Water ( „Длабока вода“) во 2019 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста