Утрински Весник
Македонија

Aкадемски синдикат: Новиот етички кодекс на УКИМ го санкционира јавното мислење

Прв академски час – на отворено или онлајн

Независниот академски синдикат реагира на постапката за изработка на новиот етички кодекс од страна на Ректорската управа на УКИМ.

„Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ започнала постапка за изработка на нов Етички кодекс, а деновиве е доставен нацрт-текст само до дел од вработените на единиците на УКИМ. Исклучени од процесот се и синдикалните организации, иако приложениот Нацрт-Етички кодекс експлицитно уредува права и обврски кон нив“, информираат од независниот академски синдикат.

Од синдикатот ги посочуваат клучните проблеми во Кодексот.

„Предложениот текст главно забранува, а не регулира односи врз база на етички вредности. Тој е репресивен во неговата суштина и оневозможува квалитетна расправа и критика, којашто е особено важна во високообразовна институција.Овие одредби претставуваат јасен обид да се спречи јавното делување на членовите на академската заедница, надвор од официјалната догма на органите на УКИМ. Со ова сериозно се загрозува правото на слобода на говор, мисла и уверување и се ограничува правото на слободно здружување на членовите на академската заедница“, известуваат во Синдикатот.

Од таму предупредуваат дека наместо автономен универзитет кој обезбедува простор за дебата и критика во сопствената средина, УКИМ ќе се претвори во авторитарна институција, која го потиснува различното мислење.

Независниот академски синдикат бара од Ректорската управа и Сенатот на УКИМ Нацрт-Етичкиот кодекс да биде целосно отфрлен и да се отпочне постапка во која ќе бидат вклучени Сенатот и единиците на УКИМ уште од самиот почеток на постапката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег