Утрински Весник
Свет

(Видео) Дете загина во пожар во бегалски камп во Грција

(Видео) Дете загина во пожар во бегалски камп во Грција

Седумгодишно момче загина во пожар што избувна во бегалски камп во близина на Атина.

Во соопштението на противпожарната служба се наведува дека пожарникарите морале да побараат помош од полицијата за да влезат во бегалскиот камп, бидејќи бегалците ги спречиле да интервенираат, пренесува новинската агенција АНА.

Осумте пожарникари конечно успеале да влезат во кампот со четири камиони и го изгаснале пожарот што ја зафатил целата зграда.

https://www.youtube.com/watch?v=TK_I_CLmppE

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела