Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп и Крушево петмина обвинети за непочитување на полицискиот час

Владата утре ќе решава за скратување на полицискиот час

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до прилепскиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, а до Основниот суд Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица поради прекршување на полицискиот час.

Обвинителството во Тетово, пак, поведе постапка со поднесување предлози за издавање казнени налози за три лица, кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, за секој од обвинетите од Прилеп и Крушево, Обвинителството предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

За секој од обвинетите во Тетово, надлежен јавен обвинител на Судот му предложи да изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​ мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор