Утрински Весник
Македонија

Нова урбана опрема кај Драмски во Карпош 2

Нова урбана опрема кај Драмски во Карпош 2

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци се поставени во Карпош 2, во околината на новите тревни површини, спроти Драмски театар.

– Откако неодамна, ЈП „Паркови и зеленило“ засади нова тревна површина во овој дел на Карпош, локалната самоуправа ја обновува урбаната опрема, а беше поставен и систем за наводнување на зеленилото, соопшти Општина Карпош.

На овој начин, додаваат, локалната самоуправа продолжува да работи на креирање на маалски центри во секоја населба, чија цел е унапредување на маалскиот соживот. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница