Утрински Весник
Македонија

Побарани парични казни од по 2.000 евра за две лица во Скопје

ОЈО Скопје предложи парични казни за 19 прекршители на полицискиот час

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои не го почитувале полицискиот час. Предложени се парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра.

Од ЈО соопштија дека спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, лицата биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа. На овој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање

СДСМ: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокус

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање