Утрински Весник
Македонија

Зоолошката градина од денеска отворена за посетители, но со нов протокол на движење

Зоолошката градина од денеска отворена за посетители, но со нов протокол на движење
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Посетителите од денеска повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје.
Зоолошка градина Скопје ги отвора вратите од 9:00 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките.
Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на
дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.
Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родителите на жртвите од Кочани најавија протест во Скопје на 15 ноември

Татко од Кочани ја објави последната снимка од ќерката што загина во „Пулс“ 

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат