Утрински Весник
Македонија

Во Битола почнува дезинсекција за уништување на комарците

Во Битола почнува дезинсекција за уништување на комарците

Битола, 26 мај 2020 (МИА)Екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола од денеска до 30 мај на подрачјето на Општина Битола ќе ја реализираат првата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарци.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19 до 2 часот по полноќ, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје, периферијата на градот и речното корито на реката Драгор, предвидени со оперативниот план и програма доставени до локалната самоуправа, а за почетокот на акцијата известени се и здруженијата на пчеларите со цел да ги заштитат пчелните семејства, нагласуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравјет-Битола.мт/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија

OSAC 2026: Македонија и Албанија – различни безбедносни ризици, исти структурни предизвици

Лекот „Фостер“ повторно ќе се зема по стара цена