Утрински Весник
Спорт

Серија А со конкретен план за продолжување на сезоната

Калчолигашите предлагаат да нема изпаѓање оваа сезона и да се прошири лигата на 22 екипи

Рим, 25 мај 2020 (МИА) – Серија А изработи план за продолжување на сезоната, прекината поради коронавирусот, објавија италијанските медиуми.

Според „Ла Газета дело Спорт“ идејата е да се одржат одложените натпревари од 25. коло на 13 јуни, за сите екипи да имаат 26 натпревари во првенството.

После тоа, на 20 јуни ќе започне 27-та рунда во Серија А. Овој предлог ќе биде дискутиран во четврток на средба со италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора.

Така, на 13 јуни може да се одржат следните дуели: Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуоло, Торино – Парма и Верона – Каљари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027