Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

МЗ: Во финална фаза изработката на Национална листа за трансплантации на бубрези
300x250 opst2

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези, соопшти Министерството за здравство.

Трансплантирани се жена на возраст од 45 години од Скопје и маж на возраст од 40 години од Куманово, кои имаа хронична бубрежна слабост и со години беа на дијализа.

На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче