Утрински Весник
Спорт

Натпревар Ливерпул – Атлетико доведе до смрт на 41 лице од коронавирус

Натпревар Ливерпул – Атлетико доведе до смрт на 41 лице од коронавирус

Лондон, 24 мај 2020 (МИА) – Компанијата „Еџ Здравје“ спроведе студија за влијанието на натпреварот Ливерпул – Атлетико во четвртфиналето од Лигата на шампионите врз ширењето на коронавирусот.

Овој меч доведе до смрт кај 41 лице од коронавирус, објави „Сандеј Тајмс“. Заболените починале 25-35 дена по натпреварот.

Според научниците, во моментот на натпреварот во Шпанија имало 640 илјади заразени, во Англија – 100 илјади.

Натпреварот се одигра во Ливерпул на 11 март, го посетија 52 илјади гледачи, меѓу кои и три илјади навивачи од Мадрид, град каде во тоа време делумно беше воведен карантинскиот режим. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП