Утрински Весник
Македонија

Чулев: ОВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Чулев: Изјавата на Ангеловска е доказ за негрижата за вработените во МВР

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Како редовно постапување на полициските службеници во вакви случаи го оцени министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, постапувањето во врска со видео материјалите објавени на социјалните медиумите за делењето пакети со донации во Струмица.  Чулев на својот Фејсбук профил напиша дека доколку постојат елементи на сторени кривични дела истите ќе бидат процесирани до Основното јавно обвинителство.

Од страна на ОЈО Струмица, додава тој во постот, дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и, како што напиша дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.

СВР Струмица, напиша министерот, презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото, кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на Владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

Спречени два обиди за криумчарење на мигранти, приведени двајца криумчари,

Тошковски: За секој што ќе биде утврдено дека е одговорен ќе има законски последици