Рим, 24 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Борусија, Дортмунд, Марио Геце ќе го напушти клубот летово. Според „Фудбал Италија“, во борбата за фудбалерот предничат калчолигашите Милан и Лацио.
Исто така, Геце го бараат Рома, Ница, како и клубови од Премиер лигата, Турција и Кина.
Забележано е дека Геце очекува да добие плата близу до сегашните пет милиони евра.
Оваа сезона, 27-годишниот Германец има одиграно 14 натпревари во Бундеслигата и постигнато три3 гола. зс/