Утрински Весник
Македонија

Свети Николе го отвара зелениот Градски пазар

Свети Николе го отвара зелениот Градски пазар

Штип, 23 мај 2020 (МИА) – Светиниколскиот Градски пазар денеска се отвара само за земјоделски производи. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека сите продавачи на пазарот мора да носат заштитни ракавици и заштитни маски, а истите мерки важат и за  сите купувачи.

Екипи на ЈКП Комуналец, стојат на влезовите на пазарот со цел забрана на влез на лица без заштитни маски. МВР е присутна на терен со цел санкционирање на оние лица кои нема да ја почитуваат мерката за носење на маски, вели Велковски.

Тој потенцира дека на територијата на Општина Свети Николе , досега нема ниту едно лице заболено од вирусот Ковид-19. За време на продолжениот викенд , земјоделците кои не се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство можат да го најават своето движење за време на забрана на движење на тел. број 075/421-181 . Истото можат да го сторат денеска во термин од 09-14 часот. Движењето на земјоделците ќе биде овозможено во временски термин од 07-09 часот наутро и од 17-19 часот попладне.

– Од спроведените скрининг тестирања на вработените во Детската градинка „Рахилка Гонева“ , ниту едно лице не се покажало како позитивен на тестот за Ковид-19. Издадени се девет платни налози на граѓани за неносење на заштитни маски. Вкупно три лица од нашата општина се наоѓаат во самоизолација кои имаат и решенија од Министерството за здравство за постојан здравствен надзор од страна на Центарот за јавно здравје Свети Николе, вели Велковски.

Апелира граѓаните  да се придржуваат на мерките и препораките за носење на заштитни маски и држење на дистанца од два метра. вдј/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома