Утрински Весник
Македонија

Национален ден на Власите

Национален ден на Власите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Власите во земјава денеска го одбележуваат својот национален празник 23 Мај, кој со Законот за празници од 2007 година е и државен празник и неработен ден за припадниците од влашката заедница.

Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година овој ден е прогласен за Национален ден на Власите од целиот свет.

На 23 мај 1905 година, со посебен документ (Ираде)  на султанот Абдул Хамид Втори, влашкиот народ бил признат како посебен народ со право на богослужба на влашки јазик, право на образование на мајчин јазик во нивните училишта, со право да избираат муфтии, така како што налагале законите на Отоманската империја.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата