Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Високообразовните установи каде постои можност за примена на протоколите можат да ги реализираат активностите

Високообразовните установи каде постои можност за примена на протоколите можат да ги реализираат активностите
300x250 opst2

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) –  На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза, и докторска труд, беше одлучено на денешната 56-та владина седница.
Од Владината прес-служба наведоа дека, исто така, со Уредбата се регулира и работата на Стручната служба, која може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Реквием“ на Моцарт ја отвора новата сезона на Националната опера и балет

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот 

ФЗО ќе ги презентира активностите за измени на Правилникот за плаќање на услугите во примарната здравствена заштита