Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 24 степени

Сончево со температура до 24 степени

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 од 15, а највисоката дневна температура ќе достигне до 24 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови ќе биде стабилно, суво и потопло. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. са/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија