Утрински Весник
Спорт

Јувентус започна преговори за Погба

Реал со нова понуда од 166 милиони евра за Погба

Торино, 21 мај 2020 (МИА) – Раководството на Јувентус започна преговори со агентот на Пол Погба – Мино Рајола за негово можно враќање од Манчестер Јунајтед.

Играчот од средниот ред никогаш не ги криеше своите топли чувства кон гигантите во Торино, па дури има и извештаи дека Погба се кае за неговиот мултимилионски трансфер од „старата дама“ на „Олд Трафорд“ во 2016 година.

За услугите на играчот од средниот ред интерес покажаа и Реал Мадрид, Барселона и Париз Сен Жермен, но во моментов не се подготвени да ги исполнат неговите финансиски барања, што го прави Јувентус фаворит за потпишување.

Во исто време, се очекува Миралем Пјаниќ и Адриен Рабио да го напуштат италијанскиот гигант, со што се отвора простор за Погба.

За време на претходниот престој во Јувентус, Погба запиша 178 натпревари во кои постигна 34 голови и направи 40 асистенции.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство