Утрински Весник
Спорт

Батон го предупреди Алонсо да не оди во Рено

Алонсо: Победата на Инди 500 ќе биде најважната во мојот живот

Вокинг, 21 мај 2020 (МИА) – Поранешниот возач на Ф1, Џенсон Батон, ја коментираше темата, на која сите дискутираат во моментов – каде ќе оди Себастијан Фетел и дали ќе се врати Фернандо Алонсо.

Фетел го напушта Ферари и беше заменет од Карлос Саинц. Даниел Рикардо пак го напушта Рено и оди во Мекларен, што дополнително ги комплицира работите.

Кој ќе го зафати ова слободно место во Рено – Фетел, Алонсо или некој друг? Веќе се шират гласините дека Фернандо потпишал прелиминарен договор со Рено за следната година, а доколку никој не ги оспори, тие може да се и вистинити.

Според Батон, мали се шансите неговиот поранешен тимски колега навистина да оди таму.

– Мислам дека ако Рено би бил барем близу до челото, и ако Фернандо видел шанса за подиуми и победи во 2021 или 2022 година, тој би „скокнал“ веднаш. Но за Рено, процесот ќе биде подолг – најмалку четири години. Тој нема толку време и не може да ги чека. Едноставно не сум сигурен дека тоа е вистинската можност за него. Мислам дека ако можеше да обезбеди место во една од првите три екипи, ќе го стореше тоа веднаш за да покаже колку е брз. Тој има 38 години, но сепак има што да покаже, а повторно да гради тим и да изгуби три или четири години, дефинитивно не е целта што си ја поставил за себе, вели Џенсон.

Што се однесува до Фетел, британскиот возач вели: „Знам дека Себастијан разговарал барем со еден тим, така што повлекувањето од Формула 1 дефинитивно не е на неговиот список на можни потези“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон