Утрински Весник
Македонија

Три илјади евра парична казна за непочитување на домашната самоизолација

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга.

– Еден од нив во Република Македонија пристигнал од Република Австрија, по што согласно донесените здравствени прописи бил во задолжителен државен карантин во период од 14 дена. Потоа бил должен да продолжи со домашна самоизолација, но полициските службеници го затекнале надвор од неговиот дом, информираат од обвинителство.

Поради непочитување на обврската за самоизолација, обвинителството за ова лице од Судот побара да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра во денарска противвредност.

Другите четири лица го сториле кривичното дело со тоа што не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана на движење на целата територија на државата во определени временски периоди. За прекршување на полицискиот час, за обвинетите е доставен предлог до Судот со кој обвинителството побара да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​ оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер