Утрински Весник
Македонија

Воените ренџери донираа храна за десет семејства во Гостивар

Воените ренџери донираа храна за десет семејства во Гостивар

Гостивар, 21 мај 2020 (МИА) – Припадниците на единицата за специјални операции – Ренџер, донираа пакети со храна за десет социјално загрозени семејства во Гостивар.

Делегацијата која предводеше командантот на единицата, потполковник Ментор Саити, оствари средба и со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на која било разговарано актуелните состојби поврзани со пандемијата од КОВИД 19. Во разговорите биле разменети и информации за активностите кои ги спроведуваат и за унапредување на меѓусебната соработка.

Повод за средбата беше и донирањето на пакети со прехранбени и хигиенски производи.

– Донацијата е во рамки активности за воено-цивилната соработка и е наш скромен придонес во оваа ситуација. Припадниците на единицата добороволно се откажаа од еден оброк и продуктите ги донираа за социјално загорзени семејства. Оваа донација ја реазлизиравме во соработка со локалната самоуправа и според листата на приоритети од локалниот центар за социјални грижи, изјави за МИА потполковникот Ментор Саити.

Пакетите до семејствата ги диструбираа припадниците на единицата. згм/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кражба во црквата „Свети Никола“ во Катланово, маж снимен како ги собира парите од иконите

Изминатите четири дена уапсени седум лица за безобзирно управување на возило

ЦУК предупредува: Поплавени куќи во Преспа и битолско, голем број реки се пред излевање