Утрински Весник
Македонија

Четири прекршувања на полициски час во Крива Паланка и Кратово

Побарани парични казни за 40 прилепчани за непочитување на полицискиот час

Крива Паланка, 21 мај 2020 (МИА) – Три лица од општините Крива Паланка и Кратово во изминатата седмица биле лишени од слобода поради прекршување на полицискиот час, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ.

Според извештајот на СВР Куманово, во периодот од 14 до 20 мај на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Кратово и Одделение за внатрешни работи Крива Паланка регистрирани се четири прекршувања на мерката забрана за движење.

-Преземени се мерки и активности, при што за едно лице се земени податоци, а три лица се лишени од слобода и за истите ќе следи соодветен поднесок. Во овој период не се регистрирани прекршувања на уредбата за задолжително носење заштитна опрема, информира Чавдаревиќ.ид/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка