Утрински Весник
Македонија

Чулев: До Владата ќе доставам уредба за награда од по 15 илјади денари за припадниците на МВР

Чулев: До Владата ќе доставам уредба за награда од по 15 илјади денари за припадниците на МВР

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот фејсбук профил информира дека потпишал и до Владата ќе достави уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи, кои, како што вели, целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот.

-Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи, напиша Чулев на ФБ. сст/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски која стана вирална за изборите

Алармантен раст на алергиите во Куманово: Како да ги препознаете симптомите и да избегнете компликации?

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика