Утрински Весник
Македонија

Полициски час за викендот од 19 часот в сабота до 05 во вторник, предлага Комисијата за заразни болести

Три нови случаи на непочитување на полицискиот час

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, да трае од сабота во 19:00 часот до 05:00 во вторник, е денешниот предлог на Комисијата за заразни болести што е доставен до Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска наведе дека причината за предлогот на Комисијата се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани.

– Што е суштината и зашто тоа се предложи. Сите овие случаи коишто ги имаме изминатите неколку денови во огромен процент се должат на настани, семејни собири коишто се случуваа изминатите денови. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект, нагласи Филипче.

Тој посочи дека сите други ослободувања од рестрикциите, коишто беа најавени за крајот на оваа недела, ги оставиле за почетокот на следната недела.

– Значи по викендот, тука влегува и функционирањето на угостителските објекти, евентуално скратување на полицискиот час, за сето тоа ќе одлучува Владата, прво во текот на овие денови за викендот, а понатаму за овие сите мерки од вторник па натаму, рече министерот. см/сп/

Се пушта во употреба новиот паркинг во Клинички центар

Posted by MИА.mk on Среда, 20 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!