Утрински Весник
Економија

Угостителските работници бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенифициран стаж

Угостителските работници бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенифициран стаж

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се реши статусот на угостителските работници, да бидат пријавени со полно работно време и да им бидат платени прекувремената работа и работата за време на празник согласно Законот за работни односи.

– Бараме да се изнајде начин сите работници од нашите сектори да добијат сигурност. Вината што голем дел сме непријавени и не можеме сега да ги оствариле правата, не е само наша, туку и ваша, затоа што затаил системот на контрола, односно инспекторатите, истакна Влатко Николовски од Синдикатот за угостителство и туризам на денешната прес-конференција.

Синдикатот бара и задолжителна исплата на К-15, бенифициран стаж и платен годишен одмор од минимум 20 работни дена.

– Не отвораме војна против никого, сакаме само да се има слух и за нас и да се преземе конкретно решавање на нашите барања, рече Николовски.

Според проценките на Синдикатот, во угостителството се пријавени околу 20.000 работници, а во овој сектор работат околу 70-80.000 работници.

Синдикатот за угостителството и туризмот брои околу четири илјади членови. бак/

Прес-конференција на Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија

Posted by MИА.mk on Среда, 20 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025